Вечера со Путин и донесе осум месеци затвор на Орнела Мути
Познатата италијанската актерка Орнела Мути беше осудена на осум месеци затвор поради тоа што не излегла на сцената и парична казна од 600 евра.
За да не лежи зад решетки, ѕвездата од екранот ќе мора да плати казна од 30.000 евра.
Казната Мути ја добила поради нејзините незаконски дејства во 2010 година.
Тогаш убавата Италијанка мораше да ја игра главната улога во театарската претстава, но на денот на премиерата таа не излезе на сцената. Мути го оправда нејзиното отсуство со болест.
За да не плати казна за театарот, Орнела презентираше лекарско уверение, но документот се покажа како лажен. Како што стана јасно подоцна, за време на “боледувањето”, Мути беше во Русија на добротворна вечера со претседателот Владимир Путин.
Актерката беше обвинета за измама и нејзиниот суд ѝ пресуди осум месеци затвор.