Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Кина повторно на дело ги покажува своите способности, овој пат станува збор за мост, за кого од Кина тврдат дека ќе биде новото инженерско чудо.

За најголем светски мост преку море, кој ќе ги поврзува Хонг Конг, Макао и континентална Кина, потрошени се големи количини на челик, со кој би можело да се изградат дури 50 Ајфелови кули.

Девет години од почетокот со изградбата на мост со должина од 55 километри, кинеската влада за прв пат јавно организираше презентација на речиси завршениот проект.

Мостот ќе го поврзува Хонг Конг со јужнокинескиот град Зухаи, како и Макао.

Иако се уште не е утврден датумот на отворање на мостот за сообраќај, се споменува дека тоа може да се случи во јули оваа години, додека функционерите очекуваат дека овој мост ќе биде во употреба цели 120 години.

Вкупната цена на овој мошне абициозен проект, кој вклучува вештачки острови, речиси седум километри долг подводен тунел и пристапни сообраќајници, се уште не е објавена за јавноста.

Мостот, според првичните очекувања, требаше да биде отворен до крајот на 2017 година, но рокот не беше испочитуван поради бројните градежни проблеми, надминување на буџетот, обвиненија за корупција и страдања на градежни работници.

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново