На Бил Козби му се заканува затворска казна во времетраење од 30 години
Поротата во Пенсилванија го осуди комичарот Бил Козби по три точки од обвинението за дрогирање и злоставување на својата некогашна пријателка Андреа Констанд во 2004 година.
Ројтерс оцени дека станува збор за одлучувачка победа на обвинителството во текот на едно од првите судења на познати личности за сексуални напади во време кога тоа на социјалните мрежи се означува како #MeToo.
Козби (80) најпознат по улогата во телевискиската серија „Козби шоу“, се соочува со 10 години затвор за секоја од три точки од обвинението за нападот на Констанд, која сега има 45 години.
Тој е обвинет дека ја злоупотребувал Констанд, некогаш вработена на универзитетот Филаделфија, во својата куќа во предградието на Фладелфија, потсети АП.
Констанд е една од 50 жени кои го обвинија Козби за сексуален напад.
Ројтерс наведува дека останатите тужби се сметаат за застарени за по нив да се спроведе кривичен процес.