Каде ќе организира ергенска вечер Принцот Хари?
Се приближува свадбата на Меган Маркл и Принцот Хари. Oбожавателите на љубовниците продолжуваат да бидат возбудени околу деталите за свечениот настан. Неодамна официјално беше потврдено дека принцот Вилијам ќе биде кумот на неговиот брат, но не се познати деталите за деверушите.
Затоа пак британските букмејкери се обложуваат за ергенската забава на принцот, пишува “Daily Express”.
Една од должностите на кумот е да ја организира последната ноќ како “слободен” маж пред младоженецот официјално да се поврзе. Значи, Вилијам, најверојатно, ќе спрема некаква забава за принцот Хари?
Судејќи според шансите на Betfair и Ladbrokes букмејкерите, водечката дестинација е Швајцарија.
Имајќи го предвид бурното минато на принцот Хари, од “Бетфеер” не ја исклучуваат можноста разделбата со животот како ерген да биде прославена во Лас Вегас, каде пред повеќе години внукот на
Нејзиното Височество беше снимен како игра сосем гол со друштво во VIP стан.
Џесика Бриџ од “Ладброукс” сепак смета дека принцот Хари веќе не е некогашниот бунтовник, туку смирен и одговорен човек, чии “Лас Вегас денови” неповратно се поминати.
“Иако ова ќе биде последната вечер на слобода, тој најверојатно ќе претпочита да се обложи” на сигурно “и да се прости со ергенскиот живот без многу врева во Велика Британија”, вели Бриџ.
Букмејкерите забележуваат дека една ергенска забава во странство ќе им обезбеди на принцовите предност во однос на папараците, но веројатно ќе ги следат каде и да одат. Меѓу потенцијалните дестинации за прославата се, исто така, Прага, Единбург, Берлин, Барселона, Амстердам.
Според објавените информации, идната невеста, Меган Маркел, веќе ја прославила својата прва забава во луксузен хотел „Сохо Фауер“ во британската провинција.
Пред да стапи во брак со Кејт Мидлтон во 2011 година, на принцот Вилијам, чиј кум му беше принцот Хари, му беше организирана забава во поранешната опатија Хартленд.