Невреме со сто илјади удари на гром во Австрија
Силно невреме со околу 100.000 удари на гром го погоди истокот на Австрија, особено околината на Виена.
Експертите велат дека ова е невообичаена појава за овој дел од годината. Метеоролозите сметаат дека толкав број громови се вообичаени за лето, а не пролет.
Најсилниот гом имал јачина од 225.000 ампери и забележан е во општината Шратентал во Долна Австрија.
Таму дождот предизвика поплави, а локално имало и појава на град.
Во околината на Виена забележано е и торнадо, на што предупредуваа метеоролозите.
Формирање торнадо во Австрија е ретка појава. Затоа големо внимание предизвика торнадото што се формира на почетокот од годинава во Мелтат и кон средината на минатата година во Швехат.
Најразорното торнадо е забележано во 1916 година кога загинаа и 32 луѓе.