Британска авиокомпанија со посебен лет ќе ја одбележи кралската свадба
Авио-компанијата „Бритиш ервејс“ во сабота на свој начин ќе го одбележи венчавањето на новата кралска двојка принцот Хари и Меган Маркл со лет од Лондон до Торонто чии членови на посадата ќе се викаат Хари или Меган.
На патниците во авионот од лондонскиот аеродром „Хитроу“ до Торонто, каде некогаш живеела Меган Маркл и каде двојката прв пат се појави заедно во јавност, на услуга во сабота, на денот на венчавката, ќе бидат двајца со име Хари и осум со име Меган, а на место на пилот ќе биде Хари Блекјк, соопшти компанијата.
„Порано летав со уште една Меган, но осум со исто име, ќе мораме да се довикуваме на прекар во текот на овој посебен лет“, вели една од стјуардесите.
Патниците по име Хари и Меган ќе имаат шанса да се возат во прва класа.
Во авионот ќе се гледа серијата „Suits” со која се прослави Меган, како и документарните филмови за кралската двојка и замокот Виндзор.