Најубавата принцеза на сите времиња
Објавено на 17 мај, 2018 во 09:45
Актуелната свадба на Меган Маркл и принцот Хари предизвика големо внимание кај медиумите. Секојдневно се пишува како ќе изгледа идната невеста, каков невестински фустан ќе носи, стилистите кои ќе стојат позади неа.
Низ историјата свадбите на познатите предизвикуваат голема сензација. На листата најубави невести се најдоа Никол Кидман, Елизабет Тејлор, принцезата Дијана, но прва е Грејс Кели од Монако.
Убавата холивудска актерка во 1956 се омажи со принцот Рајнер. Таа важи за најубавата невеста на сите времиња.