Во тек е кралската свадба во Англија, на принцот Хари и Меган Маркл
Американката актерка Меган Маркл и британскиот принц Хари денеска се венчаваат во капелата во дворецот Виндзор. Венчавката е во тек, а медиумите ги објавија првите фотографии од Меган како оди кон катедралата во Виндзор.
Таа носи венчаница на британската дизајнерка Клер Вејт Келер, креативна директорка на „Живанши“, со долг превез со чипка и тиара што ѝ ја позајми кралицата Елизабета Втора.
Британската кралица Елизабета утрово на принцот Хари му ја додели титулата војвода од Сасекс, соопшти Бакингамската палата.
Тоа значи дека и неговата избраничка, Меган Маркл, по денешната венчавка, ќе ја добие титулата војвотка од Сасекс.
Меган до олтарот ја придружуваше таткото на младоженецот, британскиот престолонаследник принцот Чарлс.
Принцот Хари, внук на принцезата Елизабета, е шести во редот за наследство на британскиот престол.
Британската принцеза Елизабета Втора минатата недела официјално даде свој „благослов“.
Според некои проценки, свадбата ќе чини околу 500.000 фунти.