Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Уметничко дело што холандскиот уметник Винсент ван Гог го насликал во својата младост, е продадено за 7.065.000 евра на аукција во Париз.

Платното насловено „Жени крпат рибарски мрежи на дините”, беше проценето меѓу 3 и 5 милиони евра. На него се претставени селанки кои работат под облачно небо. и пејзаж од околината на холандскиот град Хаг, каде што Ван Гог кусо време и престојувал.

Сликата е создадена во 1882 година, кога уметникот имал 28 години.

Купувачот е американски колекционер. Сумата платена за сликата, е светски рекорд за пејзаж од т.н. холандски период на творецот.

Претходно, сликата беше сопственост на колекционер од Европа, којшто ја беше дал под наем на на Музејот на Ван Гог во Амстердам.

Ова е прва продадена слика на Ван Гог во Франција во последниве 20 години, по „Градина во Овер”, која во 1990-те беше продадена за 10 милиони долари. соопшти аукциската куќа Арткјуријал.

 

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/02/2019 година.