Санта мраз, голема колку Менхетен, се урна во океан (ВИДЕО)
Во видеото можете да видите што се случило со глечерот Helheim во Гренланд, за само 30 минути.
Во јуни, огромна санта мраз, долга 6 километри и тешка 10 милијарди тони, се отцепила во Гренланд и паднала во океанот, пишува Daily Mail.
Мразот со големина на Менхетен, се отцепувал половина час. Прво почнале парчињата мраз да се распаѓаат, па потоа голем дебел дел што се кревал над површината на морето, паднал во водата. Така во водата завршил 10 милијарди тони тежок мраз.
Иако звучи застрашувачки, треба да се земе во предвид дека тоа во просек е само една третина од вкупната количина, што Гренланд ја губи годишно.
Колкава е всушност силата на природата и како изгледа распаѓањето на мразот, што може да се осети многу далеку, можете да погледнете во видеото што го направила Дениз Холанд од Центарот за набљудување на промените на нивото на светските мориња.
{vembed Y=aHYviGKsn_c}