Меган го бакна Принцот Хари
Кралскиот протокол во принцип забранува јавно демонстрирање на интимни гестови како бакнежи и прегратки од страна на претставниците на монархијата, но Хари и Меган умеат да ги рушат табуата.
Американската актерка, која веќе е Војвотката на Сасекс, го бакна својот принц, откако неговиот тим победи во поло натпреварот. Всушност, тоа е нивниот прв јавен бакнеж по оној на свадбата, кој фотографите од целиот свет чекаа да го документираат.
Меган беше еден од гостите на добротворниот натпревар и имаше чест да го врачи Купот на победниците. Па, за нејзина среќа тоа се покажа екипата на нејзиниот сопруг. Иако само Хари беше среќникот, кого таа го бакна, останатите негови соиграчи исто беа поздравени со блага прегратка и бакнеж во образот.
За настанот Меган избра удобен син фустан на Carolina Herrera, чија цена е 2.357 фунти.