Македонците на 8 место во светот по кликање на реклами на Фејсбук
Со 18 кликови на реклами месечно, македонскиот Facebook корисник е еден од најактивните по кликање на реклами на оваа друштвената мрежа, пренесува порталот IT.mk.
На прво место се жителите на Фарските острови со отворени 24 огласи, следува Порторико со 23, Исланд и Хрватска со 21 и Малта и Косово со 20 клика.
Но, ако ова се добри вести за компаниите кои огласуваат во Македонија за жал има и лоши вести. Глобално падот на отворање реклами е значително намален. Статистички, падот кој е забележен е 20% намалени интеракции со рекламите, но според некои анализи ова можеби и нема да се одрази на успехот на кампањите доколку во овие 20% корисници не се оние корисници кои ги купуваат производите.
Сепак опаѓањето на кликови на реклами на Facebook е тренд. Доколку продолжи, заработката на најголемата друштвена мрежа секако ќе биде доведана во прашање кога дел од огласувачите ќе побараат алтернатива.
Генерално, Македонците во месецот заследуваат по 2 нови страници на брендови, ставаат по 15 лајкови и 4 коментари на објави и обично по еднаш споделуваат одредена објава.