Кинезите изградија хотел со 18 катови под земја (ВИДЕО)
Објавено на 30 август, 2018 во 07:57
Луксузниот хотел “InterContinental Shanghai Wоnderland”, кој е речиси целосно подземен и се наоѓа во југозападниот дел на Шангај, ќе биде отворен кон крајот на оваа година, пишуваат локалните медиуми.
Од 18 катови, два се наоѓаат над земјата, а 16 се под нивото на земјата, вклучувајќи и два ката под вода. Хотелот располага со површина од 61.000 метри квадратни. Има 336 соби и апартмани со тераси, од кои гостите можат да уживаат во неверојатна глетка на водопади.
Хотелот претставува необична врска меѓу градот и природата, претворајќи напуштена карпа во една убава атракција. Проектот е дело на „Шимао Груп“ и ќе биде управуван од една од водечките хотелски компании „IHG“.
{vembed Y=CBoISd6pAe0}