(ВИДЕО) Со инвестиција од 2 милијарди долари Дубаи го гради најголемиот трговски центар во светот
Дубаи планира да го отвори најголемиот трговски центар во светот, кој ќе се наоѓа на површина од над 740.000 квадратни метри или повеќе од 100 фудбалски терени.
На проектот за т.н. Dubai Square работи компанијата Dubai Creek Harbour, која ќе инвестира 2 милијарди долари во градење на зданието. Според плановите, приземјето ќе биде сцена за концерти и други слични настани, со кина, аква парк и спортски центар.
Исто така, продавниците ќе бидат снабдени со „паметни“ соблекувални кои ќе нудат интерактивни огледала, со цел да им се помогне на клиентите да го изберат најдоброто за себе, пишува CNN Money.
Инвеститорите велат дека нивната цел е да ги комбинираат новите технологии со традиционалната трговија, со што клиентите ќе имаат пристап до физички и онлајн продавници на едно место.
Трговскиот центар ќе биде на три нивоа, а шопинг-делот ќе биде изграден како шопинг-улица со луксузни бутици.
{vembed Y=5lDlM8vqHaw}