(ВИДЕО) Се соблече Серена Вилијамс во кампањата за ракот на дојка
Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс ја фрли облеката за информативна кампања за спречување на рак на дојка под работен наслов „I Touch Myself“.
Спортистката се појавува без горен дел во видео во кое пее дел од хитот од 1991 година на Divinyls „I Touch Myself“.
Вокалистката на групата – Криси Амплет почина од рак на дојка во 2014 година и сакаше предметната песна да остане по неа како потсетник за жените редовно да се проверуваат за грутки.
Кампањата ќе продолжи во полна сила во октомври, која е посветена на свеста за откривање и лекување на болеста. Серена се вклучува во проектот „I Touch Myself“, создаден во партнерство со производителот на градници Berlei, во 2014 година, набргу по смртта на Амплет.
{vembed Y=g4EOZPS2wUo}