До медал во лизгање со стриптиз (ВИДЕО)
Објавено на 1 ноември, 2018 во 10:03
Руската лизгачка Елисавета Туктамишева освои злато на натпреварот Гран при во Квебек, но тоа немаше да биде чудно, ако до златниот медал не дојдеше со стриптиз.
Нејзиниот танц беше без грешка, но лизгачката го зачини со соблекување на горниот дел, по што остана само по брусхалтер, и за малку не го „стопи“ мразот во салата.
Точката ја изведе на песна од Бритни Спирс „Токсик“ и подготви вистински стриптиз за гледачите појавувајќи се на мразот облечена како стјуардеса.
Но, во текот на точката полека симнуваше еден по еден дел од облеката, со што покажа дека лизгањето може да изгледа сосема поинаку.
Инаку, Туктамишева (21) е светска првакиња од 2015 година, а на минатогодишната Златна пируета во Загреб освои трето место.
{vembed Y=usVZUJIbONY}