Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

katarzlatenstadion fin

Оваа земја од Блискиот Исток е идниот домаќин на овој меѓународен спортски настан, кој ќе се одржи во 2022-ра година, а додека нивниот национален тим за првпат ќе има прилика да се натпреварува во најтешките натпреварувања од овој спорт, новата арена во која сето тоа ќе се случува ќе претставува вистинска атракција.

Lusail Stadium со 80.000 седишта, кој веќе е во изградба, ќе биде гигантска златна структура, сместена во градот Лусаил, северно од Доха. Овој стадион е дело на „Foster + Partners“ компанијата, која исто така моментално работи на облакодер во Лондон, во облик на лале. Зградата на стадионот има геометриски облик кој е инспириран од фенери. Познати по својата игра на светлина и сенка, регионалните фенер лампиони послужиле како почетна точка за креација на екстериерот на оваа структура.

Стадионот исто така ќе биде домаќин на церемонијата и отворањето на Светскиот Куп, а после овој настан, тој ќе стане културна кошница на градот. „Тоа е град на иднината, и тогаш кога Светскиот Куп ќе биде завршен, тој ќе формира круцијален дел во својата историја, трансформирајќи се во срцата на сосема нови заедници“, изјавил Хасан Ал Тавади, генералниот секретар на Високиот комитет за наследство. После спортскиот настан, овој простор ќе помине низ метаморфоза и во себе ќе содржи училишта, бутици, кафулиња, спортски установи и здравствени клиники.

Ако уште сега се подготвувате за Светскиот Куп, поради што овој град очекува околу 1.5 милиони посетители, мора да знаете дека 80 земји без виза може да влезат во Катар, како и тоа дека гостите ќе долетаат на сосема нов Хамад Интернационален аеродром. Најдолгата дестинација помеѓу другите седум стадиони е само три милји. Алкохол ќе се послужува во хотелите и само на одредни локации, додека сместувањето ќе биде направено за да одговара на потребите на сите посетители на овој настан.

Дури 6.5 милијарди долари се вложени во изградба на стадионот и тереснкиот простор за Светскиот Куп, кој ќе започне на 21-ви ноември, 2022-ра година, а ќе заврши на 18-ти декември, 2022-ра година. Се планира Lusail Stadium да биде готов во 2020-та година.

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.