Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

vonbracensin fin

Австралиецот Сајмон Доранте-Деј тврди дека британскиот принц Чарлс и неговата сопруга, војвотката од Корнвол, Камила, се неговите вистински родители, како и дека принцезата Дијана своевремено знаела за неговото постоење, пишува “Дејли експрес”.

Педесет и двегодишниот маж вели дека е плод на аферата меѓу наследникот и неговата сакана. Симон Доранте-Деј верува дека бил зачнат кога Камила имала 18 години и Чарлс имал 17 години.

Австралиецот прво излезе со ова тврдење во 2016 година. Сега, во интервју, тој рече дека има нови докази за неговото потекло, вклучувајќи ја и неговата тинејџерска фотографија.

Симон Доранте-Деј, татко на девет деца, е роден на 5 април 1966 година, во близина на Портсмут. Тој бил посвоен на 18-годишна возраст од страна на Карен и Дејвид Деј.

“Бев многу близок до баба ми, која ми кажа дека јас сум дете на Чарлс и Камила, не само што го навестувам, туку го кажувам тоа”, вели Сајмон Доранте за магазинот.
Австралиецот што живее во Квинсленд верува дека неговиот идентитет би бил откриен пред 22 години ако не била трагичната смрт на принцезата Дијана. Лејди Ди умре во сообраќајна несреќа на 31 август 1997 година.

“Во тоа време кружеа секакви гласини околу кралското семејство и моето постоење беше една од нив. Мислам дека Дијана беше стигнала до оној момент кога барате одговори за животот, за нанесената неправда, и беше подготвена да ги открие јавно”, вели Симон Доранте-Деј.

За споделената слика на Фејсбук како тинејџер Австралиецот вели: “Некои коментираат дека коскената структура на лицето ми е иста како на Нејзиното Височество. Не недостасува и фризура во стилот Камила”.

Еден коментар наведува: “Вилијам изгледа малку како тебе на оваа возраст”. Сопругата на Симон Дарант-Деј, Елвијана, исто така, верува во неговата врска со кралското семејство.
“Дејли Експрес” забележува дека им било одбиено барањето за коментар на официјалната резиденција на принцот Чарлс, Кларенс Хаус.

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има
потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/04/2019 година.