Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

optimisti fin

Некои луѓе едноставно секогаш доцнат, без оглед колку рано станале, тие секогаш ќе дојдат на работа подоцна отколку другите и тоа нема врска со фактот дали ја сакаат или презираат работата со која се занимаваат. Но какви се всушност луѓето кои доцнат?

Обично кога некој доцни ние го карактеризираме како мрзлива, непродуктивна и безобзирна личност наведува сајтот „Elite daily“. Всушност, доцнењето е последица на вашиот комплекс на личности и вашата психологија, а не показател дека сакате некого да го навредите со своето доцнење.

Науката вели дека луѓето кои хронично доцнат се полни со оптимизам. Тие веруваат дека можат да вклопат повеќе задачи во ограничен временски период. Во основа имаат многу позитивна надеж дека се одлични и во мултитаскингот. Иако ова прави тие хронично лошо да го проценуваат времето, на долги временски стази, таквите лица можат да имаат бенефити.

Истражувањата покажаа дека оптимизмот може да даде многу здравствени бенефити, од намалување на стресот и ризикот од кардиоваскуларни болести, до зајакнување на имунолошкиот систем. Среќата и позитивноста ви го продолжуваат животот.

Одржувањето на позитивниот став е од витално значење за постигнување на личен успех. Ја подобрува креативноста, продуктивноста и тимскиот дух. Доцнењето е во тесна врска со луѓето кои се поопуштени. Со други зборови луѓето кои постојано доцнат не доживуваат стрес поради мали работи, туку се концентрираат на големи нешта и ја гледаат иднината како пат со безброј можности.

Времето е релативно и треба да научиме да живееме за моментот. Времето и доцнењето подразбираат различни работи во различни култури. За Американците времето е пари и тие не сакаат да доцнат, додека во Европа оваа мислење варира од земја до земја.

Луѓето кои доцнат сакаат да застанат и да уживаат во погледот, и оние кои никогаш не доцнат би требало нешто да научат од нив, и обратно. Животот не треба да се планира во детали.

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има
потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/04/2019 година.