Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

ajfelovakula fin

Во текот на минатата 2018 година Париз и Парискиот регион го посетија 50 милиони туристи, што претставува историски рекорд на бројот на посетители, јави дописникот на МИА.

Само музејот Лувр лани го посетиле повеќе од 10 милиони лица, што претсавува раст на бројот на посетители за 25 отсто во однос на претходната година.

Меѓутоа, претседателката на парискиот регион Ил де Франс, Валери Пересе, смета дека посетеноста на Париз е далеку од онаа на Венеција или Барселона.

– Нашите инфраструктури се недоволно искористени. Дестинациите како Во-ле-Виконт, домот на Ван Гог во Овер сур Оаз или Кокто во Мили ла Форе не се доволно посетени – изјави Пересе.

Таа нагласи дека според една студија на Комитетот за регионален туризам, само три отсто од парижаните се непријателски расположени кон бумот на туризмот, наспроти 20 отсто од жителите на Венеција или Амстердам.

luvr fin

Пересе се надева дека во 2019 година Иле де Франс ќе привлече уште повеќе туристи, особено ако се смири кризата на „жолтите елеци“.

Протестите на „жолтите елеци“ во Париз, кои беа пропратни со насилство, што почнаа во ноември 2018 година, резултираа со пад на приходите на туристичкиот сектор.

Бројот на резервации на авионски билети кон Париз за периодот од февруари до април годинава е намален за шест отсто во однос на 2018 година.

За да се спречи натамошен пад на бројот на туристички посети, Парискиот регионот најави промоција на „стимулативен пакет“ за привлекување француски, шпански и кинески туристи.

triumfalnakapija fin

Позитивните резултати во 2018 година се остварени благодарение на враќањето на странските туристи, особено на италијанските и јапонските, чии број е зголемен за девет проценти, додека бројот на Французите што го посетиле регионот е помал за еден отсто. Како резултат на тоа, прв пат во историјата, во хотелите во регионот имаше повеќе Американци, Британци, Германци, Кинези и други странски туристи, отколку Французи.

Овој прилив ја зголеми стапката на исполнетост на хотелите на 76,5 отсто, поради што угостителските објекти ги зголемија своите цени во просек за 7,5 проценти.

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново