Кралицата Елизабета ја објави првата содржина на Инстеграм
Дали Елизабета Втора навистина може да објавува на Instagram? Илјадници луѓе се прашуваа за тоа откако палатата Бакингем објави дека таа веќе работи со социјалната мрежа.
Видеото објавено на официјалниот профил на британското кралско семејство докажува дека бабата на принцот Вилијам и на Хари веќе е на “ти” со технологијата.
Луѓето во нејзиниот тим го овековечија во моментот кога таа ја соблече црната ракавица и со само еден допир на таблетот го аплоадираше својот прв пост. Ова беше проследено со аплауз на присутните на настанот во Музејот на науката во Лондон.
Кралицата видливо ужива во нејзиното достигнување, јасно е од видеото. Нејзиниот пост е слика на писмо од оригиналниот компјутерски творец Чарлс Бебиџ, напишано во 1843 година. Беше испратено до принцот Алберт, кој е сопруг на кралицата Викторија.
“Во тоа писмо Бабиџ опишува пред кралицата Викторија и принцот Алберт изум – аналитичка машина, чии програми се создадени од Лавлејс, ќерката на лорд Бајрон”, гласи дел од текстот на Елизабета Втора кон фотографијата.
Елизабет II се појави во Музејот за наука во Лондон со блескав портокалов костим и уредна шапка во иста боја.
Генерално, кралицата нема свој профил во Instagram. Тој е заеднички за сите нејзини семејства и се вика Кралското семејство. Тимот се грижи за тоа да се поставени најновите информации.