Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kuka fin

Во иднина градењето куќа ќе трае многу пократко отколку купувањето куќа. Се чини дека иднината веќе е тука зашто непрофитната организација New Story и компанијата за градежна технологија ICON создадоа 3Д печатени домови кои се одржливи и евтини, а се прават за неколку дена.

Двете организации ги здружија силите и ја направија првата 3Д печатена населба во светот, која летово треба да биде отворена во Латинска Америка. Џејсон Балард, соосновач и извршен директор на ICON и Брет Хаглер, соосновач и извршен директор на New Story, велат дека секоја 3Д печатена куќа ќе биде изградена за отприлика два дена, а целата населба ќе се состои од најмалку 50 домови.

Куќите ќе бидат печатени во полурурални локации во Латинска Америка, кои уште не се откриени. Изградбата на секој дом ќе чини околу 7.000 долари. Хаглер вели дека средствата за изградба на домовите ги добиле од донатори и 100% од донациите одат за изградба на домовите, додека оперативните трошоци ќе ги покријат приватни инвеститори. Куќите се градат за семејства кои заработуваат помалку од 200 долари месечно, а семејствата ќе плаќаат месечна симболична кирија. Тие пари ќе се собираат во посебен фонд.

New Story е глобална непрофитна организација која креира решенија за проблемот со бездомниците. Компанијата гради домови во сиромашни земји. ICON, пак, е компанија за градежна технологија која има за цел да направи револуција во изградбата на домови така што ќе создаде евтини и одржливи засолништа таму каде што има најголема потреба.

3Д печатените куќи на ICON се направени од бетон и се печатат со нивниот 3Д печатач, Vulcan II. Користат бетон како материјал затоа што е многу поиздржлив од други материјали, а иако не е најеколошки, овие домови се одржливи затоа што при нивната изградба се создава многу помалку отпад, односно печатачот користи точно онолку бетон колку што е потребно за секој дом.

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има
потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/04/2019 година.