Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

princezadajana fin

Поранешната готвачка на покојната принцеза Дајана и Принцот Чарлс даде ново интервју и откри нови детали за омилените јадења на кралското семејство.

Каролин Роб раскажува како е да се готви за една од најомилените жени во историјата. 53-годишната Каролин почнува да работи за младото семејство во 1989 година и останува таму до 2000 година. Таа била лично ангажирана од Дијана

„Беше исклучително лесно да се работи со неа. Таа сакаше едноставни работи – студено јагнешко, салати, суфле и полнет модар домат“, изјави Каролин за „Сандеј тајмс“.

„Често доаѓаше во кујната, дури миеше садови. Секогаш беше весело со неа“, вели уште готвачка и дополнува: „Чарлс беше многу тежок и ригорозен. Се се подготвуваше според сезоната и што има во градината. Тој држеше на свежиот зеленчук. Во декември не смеевме да се осмелиме да сервираме аспарагус“.

Готвачката сподели и приказна за принцот Хари.

„Тој сакаше тартови. Ги правев во различни варијанти, кои ги чував во фрижидер. Еден ден тој се протна во кујната и ме праша дали може да го земе целиот тарт, јас му реков да ја праша мајка си. Тој веднаш отиде да ја побара и се врати со една белешка, напишана на рака: „мама рече „да“. Јас веднаш го препознав ракописот. Хари знаеше како да ја шармира мајка си. Ја чувам белешката до ден денес. Омилената храна на принцот Вилијам беше чоколадна торта со бисквити“, вели Каролин.

Таа останува со кралското семејство до нивнта разделба.

„Беше тешко време. Сакав да помогнам со што можам. Само да дадам мал удобност во домот. Да бидам таму – во кујната, кога момчињата влегуваат и излегуваат“, завршува Каролин.

Каролина е првата женска готвачка за принцот Чарлс и принцезата Дијана.

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.