Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

indijanjudelhi fin

Главниот град на Индија планира да го направи јавниот превоз бесплатен за жените . Властите се надеваат дека ќе ја подобрат безбедноста на жените во една од најголемите светски метрополитни области со високи стапки на криминал, јави Ројтерс.

- Јавниот транспорт се перцепира како најбезбеден за жените и со оглед на тоа, владата одлучи сите автобуси и метро да станат слободни за жените , соопшти шефот на владата на Делхи Арвинд Кеджривал.

Во главниот град живеат 26 милиони луѓе , речиси половина од нив се жени. Најмногу злосторства против жени во Индија има токму во Делхи, покажува последната статистика на Владата од 2017 година.

Злосторствата на полова основа станаа сериозен политички проблем во Делхи од 2012 година, кога банда силува 23-годишна жена, што пак предизвика многу илјадни протести.

Арвинд Кеџривал појасни дека планот за подобрување на безбедноста на жените ќе биде воведен во рамките на 2-3 месеци и ќе чини 101 милиони долари до крајот на оваа година.

Но опозицијата во главниот град смета дека тоа е само предизборен чин за почетокот на 2020 година, бидејќи во Њу Делхи нема доволно автобуси.

Според експертите, ова не е долгорочно решение за проблемот, бидејќи митрополитската влада не ги исполнува своите ветувања , вклучувајќи ги и безбедносните камери и чуварите на автобусите.

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.