Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

RajaDizni fin

Дејството на филмот говори за тоа дека некогаш, во измислената земја Кумадра, луѓето и змејовите живееле заедно во мир и хармонија. Но, откако злите сили ѝ се заканиле на земјата, змејовите се жртвувале за да го спасат човештвото. Сега, 500 години подоцна, истото зло се заканува, а осамениот воин Раја се обидува да го најде последниот змеј, суштество од легендите, со цел да ги обедини своите расправии.

Сепак Раја ќе сфати дека е потребно многу повеќе од змеј за да се спаси светот и дека без доверба и заедништво, ништо не е можно.

Дејството е сместено во измислена земја, а пејзажите и културата се инспирирани од Тајланд, Виентијан, Камбоџа, Мјанмар, Индонезија, Филипини и Лаос.

„Раја и последниот змеј“ требаше да се најде во кината на 25 ноември годинава, но беше одложен за март поради пандемијата на коронавирус.

Овој анимиран филм на Дизни следи по веќе создадените анимирани филмови „Замрзнатото кралство“ и „Моана“.

Линк до трејлерот https://www.youtube.com/watch?v=9BPMTr-NS9s&feature=emb_logo

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново