Кето диета – со внесување на мал процент на јаглехидрати до совршено тело
27.01.2021
Секој од нас се бори со вишокот на килограми, држи различни диети, не внесува доволно храна во своето тело. Но Кето диетата не го изгладнува твојот организам а ја доведува твојата линија до совршенство.
Кето диетата е всушност консумирање на мал процент јаглехидрати, а со самото намалување на јаглехидратите во телото се случува состојба кетоза, по што е и именувана оваа диета. Оваа диета е всушност богата со масти и протеини а сиромашна во однос на јаглехидрати.
Оваа диета е препорачана од многу луѓе пред се оти помага при намалување на телесната тежина, бидејќи кога телото ќе влезе во кетоза се зголемува топењето на масти. Онаа храна која содржи масти и протеини заситува многу повеќе од онаа која содржи јаглехидрати, па од тука испаѓа и позитивниот дел на оваа диета – подолго време сити, а внесување на помалку калории.
Повеќе луѓе оваа диета ја применуваат и за намалување на холестеролот, потоа ја применуваат бидејќи го намалува високиот притисок кој е штетен за здравјето на луѓето. Исто така го намалува и шеќерот во крвта поради нискиот внес на јаглехидрати.
Овој вид на диета секако има и свои „негативни“ страни кои може да се појават кај одредена група на луѓе. Затоа делатно прочитајте ги негативните страни пред да ја употребите самата диета.
Поголемото внесување на масти и протенини, а малиот внес на јаглехидрати може да доведе до нелагодност во стомакот, односно дијареја. Оваа диета и како многу друго сепак го ограничува внесот на одредена храна во организмот. Доколку имате високо ниво на холестерол оваа диета може да предизвика поголемо накачување на истиот поради внесувањето на масно месо.
Доколку сакате да се опуштите со некоја чашка алкохол, тогаш тоа мора да биде суво вино, џин, вотка или текила.
#КетоДиета #НачинНаИсхрана #Јаглехидрати #Маст #Протеини