За заштита на животната средина: Германците со нов метод за одмрзнување на патиштата наместо сол
28.01.2021
Баварското Министерство за домување, градежништво и транспорт годинава очекува со овој пилот-проект да заштеди 700 тони сол и 4,9 милиони литри вода.
Во Баварија постои пилот програма која работи со голем успех веќе една година.
Патната служба во Динголфинг користи вода од краставица наместо класична сол за да ги одржува патиштата безбедни во зима.
Отпадните води кои настануваат како продукт од производство на кисели краставички од производителот на сувомесни производи Девели сега ја заменуваат класичната сол за одмрзнување на патот.
Иако водата од краставица што содржи сол досега се отстрануваше преку канализационен систем, сега се прска по патиштата. Во посебна постројка, водата се третира, чисти и се доставува до работниците во сообраќајот како саламура.
Рециклирање солена вода ќе ја намали вкупната количина на сол ослободена во животната средина. Водата од краставица е доволна да го снабди складиштето за одржување на автопатот на 85 километри од Динголфинг во текот на целата зимска сезона, пишува списанието ХАК.
Солта е огромен товар на животната средина. Баварското Министерство за домување, градежништво и транспорт годинава очекува да заштеди 700 тони сол и 4,9 милиони литри вода со пилот-проектот. Одгледувачот на краставици, од друга страна, треба да вложи многу помалку пари во третман на отпадни води.
Мите Јаначков