Плаќањето на сметките и повеќечасовното чекање во редови може да биде исцрпувачки, посебно ако сте ограничени со слободното време.

Веројатно не сте знаеле досега, но постојат скриени пораки во вашето сандаче на социјалната мрежа „Фејсбук“ за кои не сте знаеле дека постојат. Досега веројатно знаете дека постои место во сандачето кадешто ги добивате барањата за пораки од луѓе кои не се во листата на ваши пријатели.

Првата работа која гостите ја сакаат кога ќе се сместат во хотелска соба е малку приватност. Меѓутоа , посетителите на хотелот „Манор хаус“ во Колорадо ја немале таа среќа.

Британецот Џек Рејнолдс (104) е впишан во Гинисовата книга на рекорди како најстара личност на светот која направила тетоважа по првпат.

За работата на овчар во Велика планина во словенечките Алпи објавена на интернет за да се популаризира еколошкиот туризам и словенечките туристички капацитети воопшто, досега се јавиле повеќе од 3.000 луѓе од целиот свет, изјавил водачот на тој проект Матјаж Зорман.

Пет средношколки се тепале во попладневните часови денеска во Вараждин, а причината за судирот била едно момче.

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново