Долго време се претпоставува дека ирвасите кои ја влечат санката на Дедо Мраз се машки. Дури и името на главниот ирвас е Рудолф, меѓутоа со ова тврдење не се согласуваа зоологот Ендру Хебда од музејот Нова Шкотска.

Ана Нјусторм сигурно им е позната на обожавателите на фитнесот, а притоа е и најсекси жена Шведска.

На лицето на девојчето може да се прочита тивкото страдање на милиони деца во кризните земји во светот. Нејзиниот лик е олицетворение на украденото детство на цела генерација сириски деца, беше речено на доделувањето на наградата за најдобра фотографија.

Фотографијата од аргентинското девојче, кое на температура од околу 37 степени Целзиусови пие вода од вир на улица, го обиколила и шокирала светот.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на луѓето ширум светот им посакаа среќни празници со објавување на официјалната, кралска божикна честитка.

Познатата фирма за шапки од Италија, „Борсалино“, компанија што ја изработи познатата шапка за Хемфри Богарт во филмот „Казабланка“, како и за Харисон Форд, во филмот „Индијана Џонс“, прогласи банкрот во понеделникот.

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново