Првите записи за епископот и добротворец со потекло од Мала Азија, Свети Никола, потекнуваат од четвртиот век од новата ера. Од ова свештено лице, познато по својата хуманост, настанале многу легенди и приказни за ликот кој денес го знаеме како Дедо Мраз.

Швајцарците минатиов викенд во јавна употреба ја пуштија пругата за качување на планина, а возењето со неа трае само четири минути.

Франциско Нуњез Оливера, Шпанец кој ја држи титулата за најстар човек во светот, го прослави 113 роденден завчера.

Рачно нацртаната карта е направена пред 430 години од Урбано Монте. Неколку векови подоцна, колекционерот Дејвид Рамзи и неговиот внук трпеливо ја скенирале и дигитално ги споиле 60-те страни кои биле дел од атлас. Тие за прв пат ја составиле мапата онака како што требало да изгледа.

„Златна бубамара“ ги започна подготовките за најновото издание на популарното и долгоочекувано шоу. По повод 21-вото издание, упатија соопштение до јавноста, во кое, меѓу другото, се вели:

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку километри од Ѓаковица, пред божикните и новогодшнте празници наликува на место од бајките.

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново