Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Хороскопските знаци влијаат на многу аспекти од нашиот живот, на љубовта, професијата, но и на стилот на исхраната и здравствената состојба.

Водените знаци, во кои спаѓаат Ракот, Скорпијата и Рибите, се многу чувствителни на бактерии, габи и вируси. Кај нив репродуктивниот и лимфниот систем имаат најголемо влијание, како и телесните течности - крвта, лимфата и плунката. Здравствените тегоби најчесто им се поврзани со емоциите бидејќи многу лесно ја апсорбираат негативната енергија од околината.

Влијанието на поголемото количество на вода кај луѓето родени во овие знаци најчесто се манифестира со бавен метаболизам и лошо варење. За да ги победите овие тегоби, треба да го забрзате метаболизмот преку исхраната и физичката активност. Се препорачува почесто консумирање овошје, варен зеленчук и грав, а избегнување млечни производи, леб, сол и мрсна храна. Се препорачуваат лековитите дејства на босилекот, мајчината душичка, магдоносот и на жалфијата.

Кај земјените знаци во кои спаѓаат Бикот, Девицата и Јарецот, земјениот елемент е клучен фактор за репродукцијата, растот и регенерацијата на ткивата. Овие знаци најчесто имаат проблеми со килограмите и неправилното функционирање на жлездите.

Прејадувањето со тешка храна ја влошува состојбата. Сепак, добра вест е дека припадниците на овие знаци имаат убави и здрави заби и се отпорни на настинка и грип. Земјата како клучен елемент сугерира консумирање овошни салати, варен зеленчук, сокови, супа, чај и зачини, од кои лутите (црниот бибер, црвениот пипер и ѓумбирот) имаат лековито дејство. Но, треба да се избегнува тешката мрсна храна.

Кај огнените знаци (Овен, Лав и Стрелец), огнот влијае на варењето на храната, а го прочистува организмот преку согорување на отровите, вирусите и бактериите. Но, овие знаци се повеќе склони кон висока температура. Огнот, како главна материја, доведува до нетрпение и гнев, се манифестира со висок крвен притисок, срцеви тегоби и чир. Кај овие луѓе не се препорачува зачинета храна, особено НЕ за црвеното месо.

Кај воздушните знаци меѓу кои спаѓаат Близнаците, Вагите и Водолиите, воздухот е најважен елемент кој влијае на нервниот систем, како и на движењето и дишењето. Големото количество на воздух доведува до чувствителност и нервоза, сува кожа, коса и слузокожа. Во некои случаи може да дојде до нарушување на сонот или несоница, па дури и до губиток на меморијата.

Близнаците, Вагите и Водолиите треба да консумираат јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми) и зеленчук, а треба да ги исфрлат од исхраната житарките, коренестите плодови, храната со квасец и рафинираниот шеќер.

Извор: Плусинфо.мк

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2018 година .

 

rontis

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Познавање на англиски јазик, Возачка дозвола „В“ - категорија

  и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност

  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса:                              ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 30/11/2018 година.

 

rontis

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2018 година.