Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Погледнете според хороскопот каква храна треба да конзумирате за да бидете витки:

Овен

Поради вашата страствена природа лесно согорувате калории и не ви треба многу време за да изгубите на тежина. Меѓутоа, кога ќе видите убава трпеза, не можете да одолеете. Јадете многу овошје и консумирајте многу течности, особено чаеви, кои се добри против подуеност во стомакот. Конзумирајте повеќе супи и интегрални житарки, само така ќе создадете навики за поздрав начин на живеење.

Бик

Борејќи се против својата тежина, Биковите водат битка за добра линија во поголемиот дел од животот. Проблемот е тоа што прејадувањето го поистоветуваат со уживање. Познатите зодијачки гурмани сакаат да готват, како за себе, така и за своите најблиски. Слатките заменете ги со овошје во комбинација со интегрални житарици. Исто така, во моментите на криза, секогаш имајте при рака суво овошје. Од месото не мора да се откажувате, само згответе го без маснотии, а зеленчукот печете го на скара без масло.

Близнаци

Ако имате проблеми со тежината, тоа е најверојатно затоа што јадете на нога. Поради тоа, најчесто не се храните здраво. Кога бирате сендвич, одлучете се за оној со салата и интегрален леб. На вашиот организам му одговара и бело месо, јогурт и сирење. Уживајте почесто во салати во кои додадовте парче пилешко или мисиркино месо, или во грчка салата со солено сирење.

Рак

Сакате убаво поставена маса, која мами со мирисот и изгледот. Во вашата кујна владеат емоции, па често јадете и без потреба. Кога ќе сфатите дека храната не е утеха, вашата фигура ќе изгледа подобро. Вашата слаба точка се колачи и грицки. Ако направите торта, немојте сами да ја изедете цела!

Лав

За лавот се– најубавото сирење, сувомеснати производи, бифтеци и слатки чоколадни торти. Ѕвездите сепак советуваат повеќе бои на чинијата. Зелена, жолта, црвена – нека блеска здраво шаренило. Тоа е вистински луксуз за организмот! Исто така, вкусете и кинеска или тајландска кујна, кои би можеле да ви бидат вкусни поради чудниот спој од слатко и кисело.

Девица

Освен со здрава исхрана, обично се занимавате и со вежби како јога или пилатес. Девиците најчесто се толку витки, што им треба „обратна диета“ за здебелување. Вашата евентуално слаба точка се пороците како алкохолот или цигарите. Ви треба само повеќе сон и помалку излегувања. Пијте овошни сокови и чај од бел слез, за да ги прочистите своите дишни патишта. Не претерувајте со торти и колачи, бидејќи за вас и две благи парчиња се многу.

Вага

Сакате дружење со храна, па ви се случува на масата да седите неколку часа и да јадете, а потоа се опоравувате со денови.Одлучете се за овошна диета или за десет дена постење во месецот. Во својот организам внесувајте повеќе течности! Исто така, јадете кисели намирници, кои во своето мени можете најдобро да ги внесете како салата. Наместо овошни колачи, јадете овошни компоти.

Шкорпија

Овие знаци или гладуваат, јадат лесна храна и немаат потреба за сериозен оброк или напаѓаат сѐ пред себе и јадат за двајца. Поради целулитот што ги напаѓа и им пречи за време на летниот период, се советува пиење на зелен чај, во што поголеми количини. Лененото масло исто така ќе помогне и ќе ги согори сите насобрани маснотии. За вашиот организам најдобри се овошните коктели, комбинирани со малку млеко.

Стрелец

Припадниците на овој знак сакаат да се хранат надвор од својот дом, без разлика дали се во друштво, на романтична вечера, или во град. Не се љубители на работа во кујна, но сакаат сериозен оброк кој не е послужен на картонска чинија.По своите активности тие брзаат кон фрижидер, што подоцна ги лути. Тоа не е проблем ако таму ги чекаат здрави намирници или готвени јадења. Повеќе вариво и супа е сѐ што ви треба за здрав изглед.

Јарец

Вие сакате јадења кои брзо се готват. Затоа за вас иделното мени е онака содржи риба! Рибите ги сакате готвени и печени, а најмногу со додаток на домашен зеленчук. Зодијакот предупредува за правење вежби за колковите и нозете, па не ги заборавајте аеробните дисциплини – одење, трчање, пливање, велосипедизам, но не премногу – само за да се забавувате и покажете дека добро ви стои тренерка.

Водолија

Вие имате тенденција кон неконтролирано јадење, но само во друштво! Често водолиите се дегустатори или шефови на кујни, но оние кои нудат нешто посебно и поинакво, бидејќи сѐ друго за вас не е вредно за внимание. Приредувајте си себеси повеќе мали оброци и јадете комбинации со овошје, најдобрите колачи со јагоди или шумски плодови.

Риби

Сакате слатка и масна храна, како што се тестенини прекриени со неколку видови растопено сирење. Насобраните килограми најлесно ќе ги изгубите со танцување и играње! Познати сте како љубители на појадокот, затоа во овој оброк внесете повеќе „прочистувачи“ на организмот. Јадете пире од јаболка и пијте сок од цитрони.

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.