Љубовен хороскоп од 1 до 7 мај
Новиот месец започнува со повеќе романтични перспективи во секторот на љубовта. Комуникацијата исто така ќе се подобри. Што ве очекува според зодијачкиот знак, видете во љубовниот хороскоп.
Овен
Меркур ќе премине во вашиот знак во средата. Како резултат разговорите со партнерот ќе се здобиете со нова смисла. Исто така ќе донесете важна одлука во врска со личниот живот, љубов, ќе го решите проблемот кој ви е конфузен во последниве недели. Ќе постигнете јасност.
Бик
Во четврток и петок Месечината ќе се движи низ вашиот сектор на романтиката. Ваши блиски пријатели може да ви дадат својата помош за раздвижување на општествениот живот. Споделувајте чувства, бидејќи нема да жалите. Ако се наоѓате во врска ве очекуваат убави моменти, ако барате нова љубов, отворете го срцето.
Близнаци
Меркур ќе влијае на вашата комуникација, особено во љубовниот живот . Ако со некој пријател или познаник сте имале погрешно разбирање за вашата врска, сега сето тоа ќе се промени. Ако чувствата ви се заеднички и романтични, може да се следат настаните. Во случај дека емоциите не се совпаѓаат, пак ќе треба да продолжите, но така што нема да ви наштети на пријателството.
Рак
Оваа недела вашето внимание ќе биде концентрирано повеќе на кариерата, отколку на романтиката. Ќе имате можност да остварите важни разговори поврзани со работата. Добро е во овој процес да го вклучите и партнерот. Тој или таа може да ви биде корисен со совет. И покрај динамиката на седмицата, не заборавајте за интимните моменти.
Лав
Со Месечината во вашиот знак во вторник и среда, ќе бидете емотивно отворени и подготвени да споделите љубов со некој посебен за вас човек. Ова ќе биде совршено време да ги споделите вашите чувства со најблиските, да се забавувате заедно. Може да слушнете позитивни вести за финансиската состојба на партнерот и тоа дополнително ќе го зголеми вашето расположение.
Девица
Можно е да имало некакво недоразбирање помеѓу вас и партнерот за финансии. Одлуката ќе треба да ја донесете заедно и оваа недела ќе даде повеќе слобода на партнерот отколку обично.
Вага
Оваа среда Меркур ќе падне во секторот на вашата врска. Како резултат на тоа, вие и вашиот партнер ќе успеете конечно да преминете во застојот на вашата врска и да донесете важна одлука. Подготвени сте да го заборавите минатото и да се фокусирате на врската. Дефинитивно се движите во вистинската насока.
Скорпија
Почитувани скорпии, оваа недела ве очекува повеќе романтика. Во средата Сонцето, кое сега се наоѓа во секторот на врските, ќе биде во совршен агол со Нептун – планетата на безусловната љубов и духовноста која пак се наоѓа во вашиот сектор на романтиката. Со сакана ќе уживате во љубовта, која нема да престане да инспирира.
Стрелец
Можно е да се чувствувате збунети во однос на љубовта. Оваа недела Меркур ќе премине директно во вашиот сектор на романтиката што ќе ве натера да помислите уште еднаш за љубовниот живот.
Ако се прашувате дали да му дадете на некого втора шанса, сега ќе го добиете и потребниот одговор. Можно е да се запознаете со некого и да бидете разочарани. Бидете претпазливи.
Јарец
Романтиката и добрата комуникација со партнерот ќе бидат водечки оваа недела во љубовниот живот. Ќе ви биде полесно да ја изразите својата љубов еден кон друг. Размислете за некој романтичен гест, нешто што не сте го направиле еден за друг до овој момент. И двајцата имате потреба од љубов, за да се чувствувате навистина исполнети и инспирирани. За среќа ќе го добиете она што го сакате.
Водолија
Задоволство во љубовниот живот ќе добијат и претставниците на знакот Водолија. Во вторник и среда Месечината ќе го обиколи вашиот сектор на партнерствата. Како резултат на тоа ќе се зголеми и романтиката меѓу вас ќе правите повеќе мили гестови еден кон друг.
Неделата е погодна да се посветите на време само за вас двајцата. Размислете за романтично патување.
Риби
Претстои недела на љубовна инспирација, подобра комуникација, што ќе влијае позитивно на вашата врска. Обидете се деликатно да ги балансирате односите меѓу вас. Не ги кријте емоциите и чувствата, зборувајте за себе и барајте го истото во партнерот.