Љубовен хороскоп од 29 мај до 4 јуни
Љубовниот живот на повеќето претставници на зодијакот оваа недела ќе биде како загатка со исчезнати парчиња. За среќа Венера и Сатурн ќе направат врските постабилни, дури и да има некое несогласување. Сексуалните немири ќе бидат зголемени , затоа искористете! Што ве очекува според зодијачкиот знак, видете во љубовниот хороскоп.
Овен
Дискутирањето за сексуалниот живот со партнерот може да ве остави разочарани. Се разбира, тоа не значи дека треба да премолчувате. За среќа секое влошување на комуникацијата ќе поминува брзо. Венера и Уран се поврзуваат со вашиот знак во петок и е добро да ги искористите предностите, особено ако барате нова љубов.
Бик
Копнеете за нешто различно во љубовниот живот. Споделете ги вашите желби со партнерот. Ако досега сте ги задржале во себе своите фантазии и страсти е време да ја преиспитате својата позиција. Ова се однесува и како целина за вашата врска. Не плашете се да сакате да добивате одговори. На крајот среќата ви е најважна.
Близнаци
Во оваа недела врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе го откријат партнерот. Социјалниот живот ќе е динамичен и често ќе излегувате надвор од зоната на комфорот, но во позитивна насока. Сега е идеално време да ги гоните општите цели. Ја имате целата енергија да го сторите тоа, затоа искористете ја.
Рак
Ќе почнете да се чувствувате како конечно да сте се разбудиле, грабнете го животот и сите негови можности. Во неделата Марс ќе влезе во знакот и ќе се задржи таму до 20 јули. Како резултат на тоа ќе ги искористите предностите на настаните кои ви се случуваат. Оваа промена и храброст ќе се одрази и на љубовниот живот.
Ќе ви биде полесно да разговарате со партнерот и ќе се чувствувате посигурно во односите. Дејствувајте и бидете среќни, знаете дека го заслужувате.
Лав
Ќе уживате во совршена комбинација на романтична стабилност и немири оваа недела. Венера, планетата на љубовта, ќе направи прекрасни врски како со Сатурн, така и со Уран.
Ова ќе ве извади од зоната на удобност и ќе ви помогне да се поврзете повеќе со вашата сакана. Планирајте го вашиот летен одмор или кратко романтично патување.
Девица
Во оваа недела ќе се донесе повеќе разновидност во љубовниот живот. Венера се движи низ вашиот осми дом, кој е дел од вашата графика поврзана со заеднички финансии, но и длабоки, емоционални и сексуални односи.
Венера ќе биде дополнително поттикната во сабота благодарение на врската со Уран, планетата на нетрадиционалната возбуда. Со саканаиот/та може да се занесете во најдлабоките желби.
Вага
Ќе најдете начин да ги предадете своите идеи на партнерот. Тој или таа сигурно ќе откријат друга ваша страна, ќе го забележи капацитетот. Генерално неделава ќе помине мирно во однос на љубовта. Во викендите ве очекуваат изненадувања.
Скорпија
Разочарување може да настапи во љубовта за врзаните скорпии. Тоа ќе биде предизвикано од несогласувања поврзани со финансиите. Вашиот/та партнер/ка може да сака да направи инвестиција, за која вие ќе го искаже своето несогласување.
Најдобро е да не ги носите финансиските одлуки заедно или барем не во овој момент. Се фокусирате на нови можности за приходи.
Стрелец
Ако се наоѓате во врска, можеби ќе се чувствувате како во застој. Дали сте премногу претпазливи и затоа не продолжувате да се движите напред во љубовта? Веројатно чувствувате страв од непознатото, што е невообичаено за вас. Бидете подготвени да се вклучите во љубовната игра.
Јарец
За прв пат по речиси две години, Марс ќе влезе во вашиот сектор на партнерствата. До 20 јули ќе бидете дополнително мотивирани да ја направите врската со партнерот побезбедна. Но, патот кон постигнување на оваа хармонија нема да е толку лесен. Треба да има компромиси и од двете страни. Само така ќе постигнете взаемно задоволство.
Водолија
Бидете внимателни оваа недела, особено што се однесува до вашите блиски пријатели. Некој може да се обиде да наруши ново познанство или врска. Ова не само што ќе ве изневери силно, но може да ве натера да ставите крај на пријателството.
Зошто тој или таа ќе сака да ви го саботира љубовниот живот, претстои да дознаете. Дури и да се обидува да ве заштити, можеби ја поминува границата.
Риби
Оваа недела Марс ќе влезе во вашиот сектор на романтиката. Овој возбудлив транзит ќе трае до 20 јули и како резултат на тоа може да очекувате повеќе активност во љубовта и сексуалниот живот.
Бидејќи сте неодоливи, сега може да се искористат предностите на можност за нова љубов и извршување на вашите интереси. Врзаните Риби ќе откријат нови љубовни страсти со љубениот.