Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

iskreniprijateli fin

Ѕвездите можат да ви откријат кој ќе биде тука за вас и во добро и во зло.

Бик
Велат дека Биковите се тврдоглави, но ако ја погледнете ситуацијата од друг агол, ќе сфатите дека всушност станува збор за упорност и дека нема полојален знак во Зодијакот. Тие се великодушни, верни и имаат заштитнички став. Ако сакате пријател засекогаш, некој кој нема да се откаже од вас, тогаш треба да побарате човек во знакот Бик. Неговото пријателство е за цел живот.

Рак
Чувствителни, полни со разбирање и емпатични. Тоа е најдобриот опис за Раковите. Иако најчесто се дружат со луѓе слични на себе, нивната топлина може да ги стопи и најтврдите срца. Нивната емпатија едноставно не дозволува другите да останат на цедило, па затоа Раковите се пријатели кои први ќе ви помогнат ако се најдете во неволја.

Јарец
Јарците имаат тесен круг на пријатели, а најдобар пријател им е оној кој ќе се покаже како одговорен и лојален. Многу бараат од пријателите, но повеќекратно враќаат! Имаат многу познаници и иако и кон нив се однесуваат коректно, ретко кога познанствата им прераснуваат во вистински пријателства. Најчесто ги негуваат старите пријателства и подготвени се да направат сè за пријателите!

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново