Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

motivirani fin

Ќе бидете мотивирани и полни со елан

Овен
Пред вас е позитивен ден кој може да ви донесе нови вести. Јасно ви е дека односот со саканата личност оди во погрешен правец, но и вие веќе не знаете како да го смените. Избегнувајте пороци. Чувствителност околу градите. Поволен ден за работна комуникација. Ако сте слободни, може да очекувате ново познанство, кое ќе ви биде симпатично.

Бик
Трудете се да остварите добри резултати на работа. Подготвени сте да се посветите на вашите обврски. По долго време може да очекувате познанство на љубовното поле. Се чувствувате подготвени за почетокот на нова врска. Со личноста што ќе ја запознаете, макар на почеток и да ви изгледа дека немате ништо заедничко, не откажувајте се веднаш на првата препрека.

Близнаци
Вашиот оптимизам ќе биде заразен и ќе добиете што и да посакате. На работното место ќе имате можност за напредок, но размислете дали треба да ја искористите. На поле љубов ситуацијата станува подобра. Ако сте сингл, размислете за вашето однесување. Обидете се да бидете пореалистични со вашите очекувања. На работното место слободно кажете го вашето мислење, сигурно ќе бидете во право.

Рак
Денес треба да ги отворите ширум очите и уште. Можни се мали конфликти со претпоставените. Во прашање се некои сплетки. Ве очекува фаза во која ќе имате нестабилна состојба во областа на работата. Во моментов имате проблеми со саканата личност и не е лесно да ги решите. Љубовните маки ќе потраат. Потрудете се максимално, за да не ве боли главата отпосле.

Лав
Среќата е на ваша страна кога станува збор за работата. Може да се надевате дека ќе бидете многу задоволни од завршената работа денес. Ги решивте проблемите кои ги имавте со саканата личност и подготвени сте да продолжите понатаму заедно, посилни од кога било. Ако сте сингл, низ интересна комуникација со личноста која ви се допаѓа успевате да ја шармирате.

Девица
Убав ден на работа. Ќе бидете мотивирани и полни со елан. Соработките ќе бидат профитабилни за вас денеска, па ако ви се пружи шанса за заедничка инвестиција или за партнерство, прифатете. Важно е да не очекувате резултатите да дојдат преку ноќ. Среќна случка ќе ви ја покаже моќта на колективот и заедницата. Разбудете ја вашата хуманост во претстојните денови.

Вага
Многу е веројатно дека ќе се натпреварувате со саканата личност околу надмоќ во врската. Тврдоглавоста нема никого да направи среќен. Ќе верувате дека сте на добар пат, но вашите реакции ќе бидат необмислени. Парите и комуникациите ќе бидат главни обележја на работниот ден. Ќе се занимавате со финансиски теми. Главно добро ќе се снаоѓате.

Скорпија
Ден полн со докажувања. Денес ништо нема да ви го расипе расположението и ќе бидете мотивирани да работите на личните цели. На работното место обидете се да го подобрите односот со колегите. Доколку сте во врска, разговарајте со партнерот. Ќе сфатите дека имате многу повеќе заеднички нешта отколку што мислевте. Ќе ви предложи да живеете заедно.

Стрелец
Ви претстои договор во врска со вложување или состанок со спонзори. Ќе биде малку тензично. Обидете се да бидете појасни. Денес ќе поработите на развојот на еротската страна на врската. Ќе настојувате што побргу саканата личност да ја однесете во кревет. Ако имало помали недоразбирања меѓу вас и саканата личност, денес ќе успеете да ги смирите работите.

Јарец
Денеска ќе имате голема среќа, па може да очекувате решение на работна дилема која сте ја имале од порано. Имате среќа кога е во прашање емотивното поле. Многу работи на ова поле ве оптоваруваат, но ќе ги средите. Следете ги идеите што ги имате и своите цели. Ако сакате промени во односот со партнерот, покажете му што сметате дека е потребно да менува.

Водолија
Прифатете ја понудата за која се двоумите долго време. Не ви е лесно да одржите стабилност. Во недоумица сте кога е во прашање љубовта. Личноста која ви се допаѓа се однесува мошне ладно со вас. Можно е на некој начин да сте доведени до заблуда. Вашите понекогаш непромислени и брзоплети одлуки ве доведуваат до колапс. Се чувствувате како да немате повеќе идеи.

Риби
Доколку се занимавате со приватен бизнис, пред вас е поволен период за нова соработка која може да ви донесе заработка. Партнерот покажува дека веќе не е среќен во бракот и од вас бара да се промените. Ако не поработите на себе и ако не му покажете дека ги почитувате неговите желби и забелешки, ќе го изгубите. Не вреди да му ставите крај на бракот поради вашата тврдоглавост и неодговорност.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново