Дневен хороскоп за 22. јануари
22.01.2021
Овен
Доколку се занимавате со некое хоби, официјално ќе престанете со него поради екстремно лошата ситуација во која се наоѓате. Односот со партнерот е стабилен, иако сте фокусирани на своите проблеми, а не на оние на партнерот.
Бик
Ќе добиете нова понуда, за која не сте сигурни дали да ја прифатите. Односот во врската ви е стабилен. Партнерот има сериозни проблеми на кои е повеќе фокусиран, додека вие му нудите безрезервна поддршка.
Близнаци
Задоволни сте од тоа како се одвиваат работите. Ве очекува кратко патување. Партнерот и понатаму е во мрачна фаза која немате нерви, па се фокусирате на дружењето со пријателите.
Рак
Тотално сте деморализирани поради ситуацијата во која се наоѓате. Односот со партнерот дојде до крајот. Другата страна ви предлага да се разделите.
Лав
Обврските остануваат незавршени, останавте без самодоверба. Поминувате низ кризен период во врската. Ниту вие, ниту другата страна сака да попушти и да се подобри односот.
Девица
Упорни сте во решавањето на проблемите, но конкретни резултати нема. Ја прекинувате врската. Долго бевте незадоволни од истата и сега се одлучивте да ја завршите таа фарса.
Вага
Обврските ги завршувате во рок. Прилично сте креативни денес. Односот со партнерот е ист. Тој поминува низ кризен период поврзан со кариерата и вие тука не можете ништо конкретно да му помогнете.
Шкорпија
Обврските стагнираат и вие дури немате желба да вложите напор, бидејќи не очекувате никакви резултати. Односот со партнерот е стабилен. Многу ви значи неговата поддршка, во за вас тешките времиња.
Стрелец
Обрските ги завршувате навремено и немате некоја идеја за промени. Емотивната врска се развива нормално. Партнерот е емотивно стабилен и врската ја гледа како перспективна.
Јарец
Ситуацијата во која се наоѓате е катастрофална. Многу сте загрижени. Имате симпатија, но поради проблемите на другите полиња не покажувате отворен интерес за врска.
Водолија
Обврските стагнираат и тоа ве загрижува. Неповелен период за љубов. Односот со партнерот е полн со предизвици кои никако да ги надминете.
Риби
Имате впечаток дека никогаш сте имале полош период. Врската поминува низ тежок период и вие ја прекинувате. Тешко ви е иако сте свесни дека крајот бил неминовен.
Мите Јаначков