Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Социјалната мрежа Фејбук подготви шест емотикон копчиња кои наскоро би биле замена за  like копчето на Facebook.

Некогаш изразувањето  на емоции, меѓу кои и жалење на  некој од статусите не е соодветен за like. Подолго време се шпекулираше дека ќе се додаде dislike копче, но поради стравување од реакцијaта на брендовите, дека ќе добиваат негативни коментари и намалена интеракција со корисниците, што за Facebook би значело и помалку пари од реклами, идејата за dislike беше отфрлена.

 

Сега Facebook ќе претстави ново мени со шест емоции кои ќе донесат разновидност во невербалната комуникација. Like ќе биде заменет со love, а друштво ќе му прават и лутење, жалење, wow, хаха и yay. Според Facebook кој соработувал со социолози да го реши проблемот со вистинската форма за искажување на емоции, овие шест икони се најчесто користените реакции во коментарите, пренесува The Next Web.

Тестовите веќе се започнати во неколку држави помеѓу кои се Ирска, Шпанија, Португалија, Филипини, Чиле и Јапонија. Реакциите ќе бидат достапни преку подолгo притискање на like по што ќе се отвори листата за избор. Oва подоцна би требало да биде комплетно заменето со мени кое ќе ги содржи сите емоции.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/02/2019 година.