Кои телефони имаат најиздржлива батерија?
Поиздржлива батерија за мобилниот телефон е потреба за секого. Прашање е дали постои телефон кој има силна батерија, која не е потребно да се полни секојдневно.
Consumer Reports неодамна направи едно опсежно истражување на батериите на паметните телефони при што е донесен заклучок дека паметните телефони кои работат на оперативниот систем Андроид имаат најиздржливи батерии.
Капацитетот на батеријата е најважен, но не е од пресудно значење за издржливоста на батеријата. Така Galaxy Note со батерија со капацитет од 3220 mAh е подобро позициониран од Motorola Droid Turbo 2 кој има батерија со капацитет од 3760 mAh.
„За резултатите да бидат што е можно поточни, нашите инженери прецизно ја мереа потрошувачката на батеријата во разни услови, вклучувајќи ја активноста на екранот и процесорот, како и барањето на мобилниот сигнал“, соопштија од Consumer Reports.
„Некои од тестираните телефони поддржуваат бежично полнење. Ако имаат поддршка за двата стандарди, Qi и PMA, ќе работат со практично било кој бежичен полнач, па дури и со оние кои што се стари по неколку години.
Извор. Точка.мк