Безбеден пребарувач наменет за децата
Резултатите доаѓаат од Google, а дел од нив се одобруваат и од едиторите на визуелниот пребарувачот. Идејата зад прелистувачот е да бидат безбедна околина за најмладите корисници, тие што раснат со интернет да ги избегнат сите оние глупости, навреди и несоодветни содржини.
Но, иако е корисен, сепак Kiddle е и контроверзен поради цензурата. Дел од корисниците на сервисот забележуваат дека некои од термините кој се „цезурирани“ би требало да бидат присутни на листата, а дел од нецензурираните би требало да бидат цензурирани. Најголем дел од проблематичните содржини се однесуваат на ЛГБТ заедницата, па ниту еден термин не може да биде пронајден. Така зборови како хомосексуалец, лезбејка и геј се цензурирани. Цензурирано е дури и името на актерката Памела Андерсон, иако ова можеби од разбирливи причини. „Обидите да се запрат младите да пронајдат безбедна содржина која е прилагодена на нивните години ќе принуди многу млади лезбејки, геј, бисексуалци и трансексуалци да ги побараат на друго место. Ова може да ги однесе на неприкладни локации и да го загрози“, велат од групацијата Stonewall.
Kiddle имаат одговор на оваа замерка. „Најголем дел од ЛГБТ страниците и форумите имаат содржини креирани од корисници. Дури и слика од полугол маж на аватар може да одврати голем дел од родителите. Она што можеби е прикладно за деца од 12 години, не е прикладно за деца од 5“, велат од Kiddle за BBC.
Засега е непозната кој е основач на Kiddle, но неофицијални податоци велат дека на чело на пребарувачот е Владислав Голунов.