Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Тајванскиот производител HTC  претставува нов уред од Desire линијата од средната класа, кој има дисплеј со големина од 5,5 инчи и BoomSound звучници и е наменет за оние со поплиток џеб.

Изработен е од пластика. Дисплејот има резолуција од 1920х1080 пиксели, што е сепак солидно, додека во предниот дел се поставени  BoomSound стерео звучниците, кои треба да овозможат многу поквалитетно аудио доживување.

Во внатрешноста е вграден MediaTek Helio X10 чип со осум јадра на 1,5 GHz, кој треба да понуди респектабилни перформанси, особено бидејќи е помогнат од 3 GB рам меморија. Desire 830 доаѓа и со вграден простор од 32 GB, со можност за проширување преку micro SD картичка, како и батерија од 2.800 mAh, која делува прилично мала со оглед на големината на телефонот. Задната камера има 13 мегапиксели со оптичка стабилизација и f2.0 бленда, додека предната камера има 4 мегапиксели (поточно „ултрапиксели“).

HTC Desire 830 ќе доаѓа со вграден Android Marshmallow и Sense UI, а ќе чини 310 долари во Тајван. Сѐ уште нема информации за тоа кога ќе биде достапен овој модел надвор од домашниот пазар, но со оглед на досегашното искуство, би можеле да очекуваме дека ќе го видиме и кај нас, особено бидејќи делува како навистина интересен смартфон со прилично коректна цена за „некинески“ производител.

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.