Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Понеделник, 09 Мај 2016, за првпат по 2006 година Меркур ќе помине преку сончевиот диск. Поминувањето на планета преку сончевиот диск е многу ретка појава. Гледајќи од Земјата, само Меркур и Венера може да придонесат за овој феномен. Во секој век има приближно 13 поминувања на Меркур. Во споредба, транзитите на Венера, во просек, се помалку од еднаш во секој век.

Исто како и кај соларните еклипси, и планетарните транзити се поделени на четири фази. Транзитот започнува со фаза I (еден), каде што планетарниот диск штотуку се допира со сончевиот диск. Кратко после фаза I, планетата може да се види како мало назабување на сончевиот диск. За првпат, целиот диск на планетата се гледа во фаза II кога веќе планетата е целосно навлезена во сончевиот диск. Во наредните неколку часа, силуетата на планетата бавно преминува преку сјајното Сонце. Во фаза III, планетата го достигнува спротивниот раб. Во последната фаза IV, планетата комплетно го напушта сончевиот диск и транзитот тука завршува.

Транзитот ќе биде видлив од речиси целата планета со исклучок на Источна Азија, Јапонија, Индонезија, Австралија и Нов Зеланд

Транзитот започнува на изгрејсонце за оние кои набљудуваат од Западна Северна Америка. Завршува после зајдисонце во источна Европа, Азија и поголем дел од Африка. Регионите каде може да се набљудуваат сите фази на транзитот се источните брегови на Северна Америка, Јужна Америка, Атлански Океан и западна Европа.

Набљудување на Транзитот

Бидејќи Меркур е само 1/158 по дијаметар од Сонцето, се препорачува телескоп со зголемување од 50 пати. Телескопот треба да е соодветно опремен за набљудување на сонцето.

Повторување на Транзити

Во последните стотина години, секогаш транзитите на Меркур се случуваат со разлика од неколку дена пред или по 8 Мај или 10 Ноември. Поради специфичната поставеност на орбитите на Меркур и на Земјата една спрема друга, за време на Ноемвриските транзити, Меркур е видлив само со дијаметар од 10 арк-секунди. Во споредба, во Мајските транзити е со дијаметар од 12 арк-секунди. Како и да е, можноста за Мајски транзит е речиси двојно помала.

Во продолжение табела за веќе минатите и идните транзити на Меркур во овој век

Бидејќи орбитата на Венера е далеку поголема од онаа на Меркур, транзитите на Венера се многи поретки. Впрочем, само осум транзити се регистрирани од инвентиранјето на телескопот(1631, 1639, 1761, 1769, 1874, 1882, 2004 and 2012). Следните два транзити на Венера ќе се случат 11 Декември 2117г и 8 Декември 2125 година.

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.