Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Тешко се справувате со жештината? Климата е тука да не разлади, но кога ја немаме или не можеме да ја вклучуваме од здравствени причини не ни преостанува ништо друго освен да се снајдеме на друг природен начин.

Ова се неколку начини како можете да го постигнете тоа:

1. Оставете ги отворени прозорите во утринските и вечерните часови

Ако стратешки ги отворите прозорите во различни простории можете да создадете пријатно пиркање на воздухот кое успешно ќе ве разлади.

2. Спуштајте ги ролетните

Еден од најфункционалните начини да ја задржите пријатната температура во домот е да го затемните просторот во текот на претпладневните и попладневните часови.

3. Набавете памучна постелнина

Топлината знае да не мачи во текот на ноќните часови кога од неа не можеме да заспиеме.

За да си олесните, најдобро во текот на летото е да користите памучна постелнина. Бидејќи таа го вентилира воздухот и со самото тоа полесно ќе заспиете.

4. Променете го начинот на подготовка на храната

Повеќечасовно стоење над шпоретот и подготвување на ручек не е резервирано за летото.

Затоа подготвувајте полесна храна која не бара повеќечасовна употреба на рерна.

5. Исклучете ги сите уреди кои не ги користите

Компјутерот, таблетот како и телевизорот доколку не ги користите држете ги исклучени за да не испуштаат топлинска енергија.

 

 

 

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново