Достапен е iOS 10
Apple го претстави iOS 10 во јавноста во јуни на нивната WWDC 2016 конференција. Потоа беа достапни повеќе бета верзии кои се добредојдени во вакви ситуации затоа што овозможуваат помасовно тестирање на системот поради вклучување на програмерите и јавноста.
Од денес, Apple започнува со пуштање на надградбата за сите компатибилни уреди, па можете да очекувате известување во текот на денешниот или утрешниот ден. Доколку сакате да ја инсталирате надградбата, тоа можете стандардно да го направите како и за било која верзија досега.
Kомпатибилни за инсталација на најновата верзија од iOS се iPhone 5, iPhone 5c, iPhone 5s, iPhone 6, iPhone 6 Plus, iPhone 6s, iPhone 6s Plus, и iPhone SE
iPad: iPad 4, iPad Air, iPad Air 2, iPad Pro 9.7, iPad Pro 12.9, iPad Mini 2, iPad Mini 3 и Pad mini 4
Најновата верзија од iOS не донесува некои големи промени, односно промени кои суштински го менуваат оперативниот систем, како што беше случајот со промената на корисничкиот интерфејс во помодерен, на пример.
Промените во главно се однесуваат во вградените апликации, известувањата на екранот кога уредот е заклучен, нова Home апликација за контрола на „паметниот дом“, подобрување на 3D Touch системот и слично.
Она што можеби е најважно во оваа верзија е можноста за поврзување на Siri со другите апликации, што се отвораат доста нови можности кои програмерите може да ги искористат.
извор: http://www.smartportal.mk/