Казни и до 500.000 евра за лажни вести на Фејсбук!
Германија има намера да преземе драстични мерки спрема лажните вести на Facebook (и не само), откако ја принуди социјалната мрежа да се саморегулира за да не дозволува слични практики, пренесе Дојче Веле.
Сега социјалната мрежа се соочува со сосема реална можност да биде казнета со по 500.000 евра за секоја вест која содржи говор на омраза или лажни информации. Всушност оваа законска мерка ќе важи и за сите други социјални мрежи кои дозволуваат и не се справуваат со овој тип несакани информации.
Facebook и другите нејзините конкуренти ќе бидат законски обврзани да отворат канцеларии за правна заштита во Германија, кои се на располагање 24 часа на ден, 365 дена во годината.
Ако по извршувањето на потребната студија, Facebook не ја избрише пораката во рок од 24 часа, тоа ќе носи индивидуални казни до 500.000 евра.