ЛГ се откажува од модуларните паметни телефони
Модуларните паметни телефони беа долготраен сон на визионерите на идниот изглед и функциите на смартфоните. „ЛГ Г5“ донесе надеж во конечното остварување, но (не)успешноста на уредите веројатно го заби конечниот клинец во ковчегот на модуларните телефони.
ЛГ, првиот мејнстрим производител на паметни телефони кој пристапи на креирање на модуларен уред, најверојатно ќе го напушти тој пристап за да се посвети на класичната верзија.
Да потсетиме „ЛГ Г5“ е модуларен паметен телефон, т.е. уред кој можеше да се надоградува со различни модули, како што се камера од 360 степени или Хај-Фај аудио ДАК.
Ергономијата на промената на модулот е катастрофална, а многу корисници не сакаа да доплатуваат за да го купат. Продажбата беше повеќе од лоша, а тоа го докажуваат и најавените откази во компанијата, при што раковидителите на ЛГ беа принудени на драстичен пресврт.
ЛГ нема да ссе обидува да ја поправи својата верзија на модуларен телефон, туку како што стојат работите, целосно ќе го напушти тој пристап, барем кога се во прашање перјаниците.
Имено, според новите информации кои се однесуваат на следниот модел на ЛГ, со можно име Г6, уредот ќе биде традиционален паметен телефон. Ќе го красат заоблени рабови, стаклен заден дел, целосна отпорност на вода и без влез за модули, кој во Г5 се наоѓаше на дното на телефонот.