Фејсбук воведува револуционерна опција!
Објавено на 21 февруари, 2017 во 09:30
Facebook тестира нова опција која ќе им олесни на корисниците во следењето на публикации на нивни пријатели на другите социјални мрежи, пишува британското издание “Independent”.
Сајтот почна да става важни линкови до профилите на одредени сметки во Instagram, Skype, Pinterest, Twitter, LinkedIn, Snapchat и др. Тие претставуваат големи копчиња во горниот дел на дневникот на корисниците.
Се уште функцијата не е достапна на десктоп верзија на Facebook, а само на мобилни апликации за iOS и Android.
Друга иновација што Facebook развива, е опцијата “Најди нови луѓе”. Таа ќе промовира корисниците да се “дружат” со личности кои не познаваат лично.