“Tечно стакло“ за заштита на екранот на смартфоните
Овој пронајдок можеби е најдобрата заштита на екранот на вашиот паметен телефон од гребнатинки.
ProtectivePax е проект на двајца германски научници кои што успеаа да произведат иновативна невидлива заштита за сите стаклени површини. Нивната формула на таканареченото „течно стакло“ се состои од наночестички на титаниум диоксид кои што ги исполнуваат наноскопските неправилности и длабнатини во стакло и формираат тенок, невидлив заштитен слој.
За заштита на вашиот телефон или таблет од гребнатинки, доволно е само да го премачкате екранот со ова „течно стакло“ и да го размачкате со ткаенина низ целата површина.
Ваквата навистина иновативна заштита има рок на траење од околу една година, а екранот ќе биде заштитен и од удари, пукање, дамки и дури и вода. Како што велат германските научници, стаклото од екранот кое што ќе биде премачкано со „течното стакло“ ќе биде тврдо како сафир или рубин.
Crowdfunding кампањата на Indiegogo трае уште 23 дена, а веќе ја исполни и ја надмина целта од 20 илјади долари.
Почетната цена за две пакувања на ProtextPax изнесува 17 долари, а испораките започнуваат наскоро.