Зошто месинџер на Фејсбук ја празни батеријата на телефонот?
Messenger на Facebook колку e добра, толку и лоша апликација. Освен што длабоко навлегува во вашата приватност (ако тоа сами сте го одобриле), апликацијата е „убиец“ на меморијата и батеријата на телефонот. Докажано е дека ќе заштедите до 20 отсто на батеријата односно нејзината енергија, ако го отстраните Messenger од вашиот телефон, а притоа телефонот ќе почне и да „дише“.
Ова го признава и творецот – Facebook. Според Gadgets 360, Twitter акаунтите на извршните директори на Facebook и Messenger се преплавени со негативни коментари и прашања за тоа зошто Messenger ја „јаде“ батеријата. Некои корисници на Twitter дури и измериле дека Messenger секоја минута троши и до еден процент од батеријата.
Сепак, велат, има решение!
По повод обвинувањата и лошите коментари, се обрати и Дејвид Маркус, шеф на развој на Facebook Messenger апликацијата и вели дека компанијата е свесна за проблемите со кои корисниците се судираат, но сега има решение. Неговиот совет до сите оние кои се уште имаат проблем со Messenger е ресетирање на апликацијата – избришете ги кешираните податоци – и проблемот ќе исчезне. Ова е достапно и за iOS и за Android верзиите на апликацијата, а проблемот е од серверска природа.
Исто така, сите кои користат бета верзија на Messenger треба да ја отстранат и да ја инсталираат регуларната, докажана верзија. Друга опција е да се користи Messenger Lite апликацијата.
Секако дека ова нема да ве чини ништо, па затоа обидете се и споделете ги резултатите.
Додајгас.мк