Razer го прави продуктот Project Valerie
Објавено на 15 јуни, 2017 во 08:46
Лаптопите се префериран вид персонални компјутери поради практичноста и можноста да се пренесуваат. Сепак, тие не се практични за љубителите на игрите и креаторите на мултимедијални содржини. Овие луѓе обично имаат потреба од најмалку два и дури три монитори што нема на лаптопите. Всушност, наскоро може и да има решение, бидејќи компанијата Razer го прави продуктот Project Valerie – лаптоп со три екрани.
Секој од дисплеите е со 17,3-инчи дијагонала и 4K резолуција. Ова ја прави заедничката резолуција на мониторите 11520х2160. Можат и да се користат како 1 монитор без да се извиткуваат. Со притискање на копчето на тастатурата, може да се отворат. Лаптопот ќе се потпира на видео картичка Nvidia GTX 1080, која ја поддржува 4K игри и VR очила.